НАТО: Русија не ја повлекува војската од границата со Украина

01.04.2014 15:38

Алијансата отфрли воена интервенција, но целта и е да ги смири стравувањата кај членките од Истокот, особен на Балтикот и во Полска која побара бази на НАТО во тој дел од Европа. Украина може да очекува помош во обука и опремување на војската...

НАТО инсистира дека Русија не го почнала повлекувањето на војската иако Кремљ потврди дека од воените вежби на границата близу до Ростов е отповикан еден баталјон, а тоа со снимки го потврди Руската Радио Телевизија.

„За жал, не можам да потврдам дека Русија ја повлекува војската. Не видовме ништо такво, а толкаво трупање на војска не придонесува за деескалација“, изјави Андерс фог Расмусен, генерален секретар на НАТО.

Алијансата отфрли воена интервенција, но целта и е да ги смири стравувањата кај членките од Истокот, особен на Балтикот и во Полска која побара бази на НАТО во тој дел од Европа. Украина може да очекува помош во обука и опремување на војската.

„Ќе ја покажеме посветеноста на колективната одбрана на НАТО, која почнува со одвраќање. Ќе покажеме дека не успеваат заканите против нашите сојузници, додаде Расмусен.

По состанокот на Вајмарскиот триаголник, шефот на германската дипломатија, со ист став како тој на Обама, даде значително попесимистичка оценка на ситуацијата.

„Можам да замислам поблиска соработка на НАТО и Украина, во форма на Совет, но не гледам можност за зачленување во Алијансата“, изјави Френк Валтер Штајнмаер, министер за надворешни на Германија.

По гласањето на двата дома, руската Дума го поништи договорот за изнајмување Црноморската флота во Севастопол. Газпром, пак, соопшти дека од денес ја зголемува цената на гасот за Украина, со што се очекува да расте украинскиот долг кон Русија од 10 милијарди евра. Владата во Киев нареди разоружување на нелегалните групи по вчерашното пукање на Мајданот и одобри заеднички вежби со НАТО близу до руските сили на Крим.

 

Ивана Салтировска