Промовирана новата генерација дипломци на Факултетот за безбедност
Факултетот произведува квалитетен кадар што се школува според најсовремена програма, вели деканот Дујовски. За Министерот Спасовски, кадрите од оваа образовна институција, одговараат на потребите и го исполнуваат критериумот за работа во МВР.

Стотина работни позиции во МВР кои се испразниле поради серија пензионирања идната година ќе бидат надополнети. Дипломираните криминалисти од Факултетот за Безбедност гледаат шанса за вработување како инспектори за справување со криминалот. Најдобриот во генерацијата, со просек 9.93 веќе добил ветување за ангажман во Министерството.
Факултетот произведува квалитетен кадар што се школува според најсовремена програма, вели деканот Дујовски. За Министерот Спасовски, кадрите од оваа образовна институција, одговараат на потребите и го исполнуваат критериумот за работа во МВР.
На Факултетот за безбедност, освен Криминалистика, студентите изучуваат и теми од безбедноста, криминологијата, кризниот менаџмент и форензичките науки.
Анита Димитријевска Велковска
