Собрание

Опозицијата против измените на Законот за здравствена заштита

15.12.2021 16:20

ВМРО- ДПМНЕ бара повлекување на Законот за здравствена заштита. Во време на пандемија граѓаните не треба да се оптеретуваат со дополнителни трошоци за лекување. Недозоволиво е приватизирање на јавни здравствени установи, велат од партијата...

Откако здравствената струка остро се спротивстави, наместо да бидат повлечени од собраниска постапка, спорните измени на Законот за здравствена заштита ставени се на дневен ред по скратена постапка, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за измени што предвидуваат приватизација или јавно- приватно партнерство на две дејности – итна медициска помош и трансплантација на органи, а недостигот на јавна расправа, според опозициската партија, отвора сомнеж дека власта преку измените сака да обезбеди профит за поединци.

Од СДСМ велат, лага е дека Брзата помош ќе се приватизира во јавните здравствени установи, со законот ќе се овозможи граѓаните од руралните средини да имаат постојано достапна здравствена заштита. Од владеачката партија тврдат – измените на законот ќе овозможат зголемување на ресурсите на брзата помош и нема да ги изложат граѓаните на дополнителни трошоци, односно итната помош на приватните болници ќе ја користат бесплатно.

За измените на законот ќе се оддржи јавна расправа, велат во владеачката партија.

 

Марија Котовска