Брисел

Пандемијата, енергетиката и безбедноста во фокус на Европскиот совет

16.12.2021 09:15

Во фокусот на разговорите на Европскиот совет ќе биде борбата против пандемијата и можноста за воведување задолжителна имунизација, последните оценки за состојбата на енергетскиот пазар и предлозите на Европската комисија за спротивставување на ценовниот притисок...

Лидерите на Eвропската унија денеска на последен состанок за годинава во Брисел.

Во фокусот на разговорите на Европскиот совет ќе биде борбата против пандемијата и можноста за воведување задолжителна имунизација, последните оценки за состојбата на енергетскиот пазар и предлозите на Европската комисија за спротивставување на ценовниот притисок.

На средбата се разговара и за ситуацијата што ја предизвика Белорусија на границата со Европската унија, како и за дејствијата на Русија на границата со Украина.