Мануел Валс официјално ја презеде премиерската функција во Франција
Мануел Валс попладнево офицјално ја презеде премиерската функција од Жан-Марк Ејро, јавува дописникот на МРТВ од Париз...

Двата премиери, поранешниот и сегашниот, со насмевка се поздравија пред да влезат во зградата каде останаа дваесетина минути пред да им се обратат на новинарите.
„Водев политика за да и дозволам на Франција да успее“ – изјави Жан-Марк Ејро, кој притоа изрази увеување дека неговиот наследник дека ќе ја употреби целата енергија и талент во новата функција.
„Мануел ви посакувам да успеете, ви посакувам многу храброст, ви посакувам успех. И посакувам многу среќа на Франција“ – заврши поранешниот премиер кој заминува од функцијата по еден од најтешките порази на француските социјалисти на локаните избори во последниве триесет години.
„Ние двајцата сме социјалисти, двајцата сме републиканци и патриоти. Горд сум што бев ваш министер за внатрешни работи. Вие ја извршивте вашата задача со вредностите кои се и наши“ – одговори новиот премиер Мануел Валс.
Тој понатаму вети дека ќе продолжи да работи на она што го започна и што гo водеше неговиот претходник од пред 22 месеци, додавајќи дека поранешниот премиер може да биде горд на она што го сработи.
Мануел Влас утре по консултациите со францускиот претседател ќе треба да го објави составот на новата француска влада, во која е неизвесно учеството на партијата на Зелените која постигна значителен успех на последните избори.
Неговото назначување е посебно критикувано кај левото крило на социјалистите, кои сметаат дека на примарните избори внатре во социјалистичката партија во 2012, Валс освои само 6% од гласовите.
Лидерот на Фронтот на левицата Жан-Лук Меланшон веќе повика на првата демонстрација закажана за 12 април, против назначувањето на Валс за премиер.
Мануел Валс важеше за еден од најпопуларите француски политичари и неговото назначување на премиерската функциа според некои значи и признавање на францускиот модел на интеграција. Тој е роден во 1962 година како шпански државјанин во Барселона, а француско државјанство добива со натурализација.
Претседателот Оланд е добро свесен дека Мануел Валс има поголеми амбиции од премиерските и дека неговиот поглед е свртен кон Елисејската палата.
Тони Гламчевски
