Годишна изложба на дела од Родољуб Анастасов
Станува збор за презентација на 40-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди...

Во Музеј на Град Скопје денес ќе биде отворена Годишната изложба на дела на Родољуб Анастасов од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“, Музеј на Град Скопје.
Станува збор за презентација на 40-ина дела од најзначајните циклуси на авторот Родољуб Анастасов, кои се дел од колекцијата на Галерија „Јустина и Родољуб Анастасов“, вредна донациска збирка која брои околу 400 дела кои потекнуваат од различни временски периоди (од 1957 до 2010) и претставува своевиден пресек на повеќе ликовни стилови и тенденции во современата македонска ликовна уметност.
Овие дела се белег за автентичниот и единствен по многу особености креативен опус на Анастасов. На изложбата се претставени импресивните цртежи на Анастасов од циклусите „Почеток“, „Делување на елементите“, „Промена на обликот“, „Трансфигурирање“, сите изведени во техника – туш на хартија, создадени во периодот помеѓу 1957 – 1960 година, и кои припаѓаат на т.н. енформелска лабораторија.
