Земјоделство

Субвенции за органско производство

16.12.2021 09:46

До 25-ти декември органските производители можат да поднесуваат барања за субвенции. Пријавувањето е електронски преку Платежната агенција, а парите се наменети за поддршка на одредени активности во производството и во трговијата со органската храна...

До 25-ти декември трае рокот до кога може да се поднесат барања за финансиска поддршка за органските производи, нивните преработки, доработка, пакување и продажба.

Органските фармери, може да аплицираат за субвенција најмногу 150.000 денари по корисник.

Со 5 отсто или до 150.000 денари се поддржува и трговија или извозот на свежи и преработени органски производи и преодот од неорганско во органско производство.

Трошоците за стручната контрола и сертификацијата државата ги покрива со 50 проценти, а со 70 анализите на карактеристиките на почвата, односно откривање на остатоци од пестициди, тешки метали и други штетни материи.

Барања за добивање на финансиска поддршка може да поднесат и сите земјоделски стопанства кои имаат добиено сертификат за органско производство и тоа за кофинансирање на трошоците за стручната контрола и сертификација во висина од 50 проценти.

Барањата се поднесуваат електронски на веб страницата на Платежната агенција.

Методија Трајков