Политика

Средба Заев- Ахмети

16.12.2021 10:59

Попладне најавена средба Заев- Ахмети. Дел од серијата разговори на Заев со коалициските партнери за консултации и мислења околу новата владина програма. Се очекува Заев да соопшти информира и за повлекувањето од премиерската функција...

Премиерот Заев попладне ќе се сретне со лидерот на Демократската унија за интеграција, Ахмети. Од владата велат дека средбата е во рамки на серијата состаноци на премиерот Заев и на лидерот на СДСМ Ковачевски со владините коалициски партнери, со цел консултации и размена на мислења за новата владина програма.

Според информациите, премиерот Заев ќе се повлече од позицијата по годишното обраќање на претседателот Пендровски во Собранието.

Изминатите два дена Заев и Ковачевски имаа одделни средби со лидерите на помалите партии, кои испорачаа свои барања за начинот на функционирањето на коалицијата, откако Алтернатива влезе во владата.