Во земјава активни околу 5.500 случаи со Ковид-19
Досега во земјава се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, оздравени се 206.903, а починаа 7.768.

Во претходното деноноќие во земјава беа регистрирани нови 326 случаи на Ковид-19, а починаа осум лица. Бројот на активни случаи изнесува 5.498, најмногу во Скопје 2.647, а потоа следуваат Битола со 447 и Прилеп со 363, а без ниту еден активен случај е само Дебар.
Досега во земјава се направени вкупно 1.509.665 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 220.169, оздравени се 206.903, а починаа 7.768.
Заклучно со 14-ти декември во Македонија вакцинирани се 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини.
Опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани. Податоците покажуваат дека 22 проценти од вакцинираните граѓани постари од 60 години примиле трета доза вакцина, а опфатот со една доза вакцина на полнолетната популација е 50 проценти, информира Министерството за здравство.
Омикрон сојот се шири исклучително брзо и досега е забележан во 77 земји. Во Македонија сè уште не е регистриран случај на новиот сој.
