УКРАИНА

Зеленски: Западните земји да ја санкционираат Москва

16.12.2021 10:47

Со неговиот француски колега Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц разговарале за реактивирање на преговорите во „нормандискиот формат“, кој ја вклучува и Русија.

„Украина е подготвена за секаква форма на разговори со Русија, но би сакала да види санкции против Москва од западните земји“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на самитот на ЕУ во Брисел.

Со неговиот француски колега Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц разговарале за реактивирање на преговорите во „нормандискиот формат“, кој ја вклучува и Русија.

Украина е главната точка на конфликтот меѓу Москва и западните земји. САД тврдат дека над 100 илјади руски војници се распоредени на границата кои, според Вашингтон, се подготвуваат за инвазија. Москва демантира, акциите биле исклучиво за одбрана.