Продолжува обновата на локалните патишта
01.04.2014 15:05
Целата програма за обнова на локалните патишта според министерот Јанакиески треба да заврши во 2015 година...

Во текот на оваа и наредната година ќе продолжи обновата на локалните патишта. Предвидена е реконструкција на повеќе од 100 патишта со должина од над 200 километри, изјави денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Целата програма за обнова на локалните патишта според министерот Јанакиески треба да заврши во 2015 година.
„Во периодот 2010-2013 на територијата на Македонија се изградени 288 локални патишта, односно реконструирана или целосно изградена е вкупна мрежа од 566 километри. Никогаш претходно во земјава не се инвестирало толку во делот на локалната мрежа“, рече министерот Јанакиески, одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Велес.
Јанакиески со велешкиот градоначалник Славчо Чадиев извршија увид во текот на градежните работи на локалниот пат Мумутчево-Иванковци во реонот на Велешко.
