Свет

Сирија: Војник загина во ракетен напад

16.12.2021 11:15

Според воените извори, Израел истрелал неколку проектили кон Голан и целел кон позиции на југот на земјата. Сириската противвоздушна одбрана успеала да собори голем дел од нив...

Еден војник загина во ракетен напад во Сирија. Според воените извори, Израел истрелал неколку проектили кон Голан и целел кон позиции на југот на земјата. Сириската противвоздушна одбрана успеала да собори голем дел од нив.

Од 2011 година, Израел изврши стотици напади врз позиции контролирани од владата на Дамаск. Во војната загинаа речиси половина милион луѓе.