Македонија

Стопирана тендерската постапка за автобуско метро во Скопје

16.12.2021 12:00

Од Град Скопје потврдуваат дека постапката е стопирана, но не објаснуваат дали ова ќе значи негово целосно укинување.

Стопирана е тендерската постапка за изградба на автобуското метро или „Бас рапид транзит“ (БРТ). Од Град Скопје потврдуваат дека постапката е стопирана, но не објаснуваат дали ова ќе значи негово целосно укинување.

Претходниот градоначалник на Скопје, Шилегов за воведување на брз рапид транспорт зема заем од ЕБОР вреден 70 милиони евра.

Градоначалничката Арсовска кажа дека тоа нема да се прави, бидејќи тој проект не е нејзино ветување.