МААЕ доби повторно дозвола за влез во погоните во Карач
Техеран тврди дека доброволно им овозможил пристап за да се избегнат недоразбирања. Истрагите за нападот за кој го обвинуваат Израел се завршени.

Меѓународната агенција за атомска енергија соопшти дека повторно добила дозвола од Иран за влез во погоните со центрифуги во Карач за да ги замени камерите кои биле оштетени или уништени во јунскиот напад.
Техеран тврди дека доброволно им овозможил пристап за да се избегнат недоразбирања. Истрагите за нападот за кој го обвинуваат Израел се завршени.
Според законот усвоен од иранскиот Парламент, МААЕ нема да има пристап до снимките од камерите кои ќе бидат поставени по техничкиот преглед на иранските експерти.
Од февруари земјата запре да го спроведува Дополнителниот протокол. Камерите не беа исклучени, но Иран наведе дека снимките ќе ги предаде дури кога САД ќе ги укинат санкциите.
