Свет
Филипини: Евакуација поради тајфунот „Одет“
16.12.2021 12:26
Десетици илјади лица се евакуирани поради поројните дождови и опасноста од поплави низ архипелагот.

Супертајфунот „Раи“, или локално познат и како „Одет“, го погоди источниот брег на Филипините. Десетици илјади лица се евакуирани поради поројните дождови и опасноста од поплави низ архипелагот.
Бурата брзо се интензивираше и премина од тајфун во категорија на супертајфун со ветришта од 300 км/ч, што е еднакво со ураган од петта категорија на Атлантикот.
