Македонија

Истражување на Евротинк: Членството во ЕУ- најдобра алтернатива за Македонија

16.12.2021 12:41

Речиси три четвртинни од испитаниците би гласале позитивно „ЗА“ референдум за влез во ЕУ и една третина сметаат дека интеграцијата ќе се случи во наредните пет години. Србија е оценета како најпријателска земја.

Членството во Европската Унија е најдобрата алтернатива за Македонија – покажува истражувањето на Центарот за европски стратегии – Евротинк. На ова мислење се 63 насто од анкетираните, наспроти 33 проценти кои сметаат дека ни е потребен модел за развој надвор од ЕУ.

Речиси три четвртинни од испитаниците би гласале позитивно „ЗА“ референдум за влез во ЕУ и една третина сметаат дека интеграцијата ќе се случи во наредните пет години. Србија е оценета како најпријателска земја.

Според истражувањето, граѓаните во државата најголема доверба имаат во Армијата (47 проценти), потоа следи институцијата Претседател на државата (31 отсто) и на трето место се религиозните заедници (30 проценти). Од друга страна, граѓаните според наодите на Евротинк, најмалку им веруваат на судската власт и обвинителството (8 отсто).

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 23-ти до 30-ти ноември на репрезентативен примерок од 1.001 испитаник.