Енергетска криза

Бектеши останува на ставот дека струјата ќе поскапи до 10%

16.12.2021 12:52

Министерот за еконмија уверува дека и покрај зголемените трошоци на компаниите цената нема драстично да се покачува...

Цената на електрична енергија од јануари до јуни ќе забележи зголемување до 10 проценти- дециден  е министерот за економија Бектеши. Уверува  дека  и покрај зголемените трошоци на компаниите цената нема драстично да се покачува.

Министерот за економија посочи дека секои шест месеци Електродистрибуција, ЕВН Хоум, ЕСМ и МЕПСО доставуваат барања во делот на покривање на трошоци и во делот на маржите до Регулаторната комисија за енергетика и согласно тие барања одлуката ја носи РКЕ каде што ги прифаќа трошоците кои се оправдани.

Секако дека нивно право е тие не само 100 отсто, може да бараат и 2.000 отсто зголемување, но колку ќе се прифати тоа ќе видиме во наредниот период. Јас во однос на зголемување на цената на електрична енергија за првите шест месеци од 2022 година веќе сум дал изјава и стојам целосно зад тоа што сум го кажал, повтори Бектеши.

Од јуни се разгледуваат опции ранливите категотии да плаќаат пониска цена, а повисока за оние кои покажуваат зголемена потрошувачка.