Собрание

Пендаровски на 22-ри декември ќе се обрати пред пратениците во Собранието

16.12.2021 13:23

Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот сајт е најавено за 12 часот.

Претседателот Стево Пендаровски следната недела, в среда, на 22 декември, ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Пендаровски, како што веќе е најавено на веб страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56 собраниска седница.

Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот сајт е најавено за 12 часот.

Шефот на државата својот годишен говор во Собранието ќе го одржи во неделата, за кога е најавена оставката на премиерот Зоран Заев. Премиерот во заминување вчера најави дека оставката ќе ја поднесе во текот на наредната седмица и изрази очекување по формализирањето на оставката во Собранието, негов наследник како нов премиер да биде Димитар Ковачевски.