Мерката за патување во Грција е приверемена за празничниот период
Мерката стапува во сила в недела на 19-ти декември во 6 часот наутро, а иако од Министерството за здравство на Грција беше соопштено дека тестот треба да биде 48 часа сепак, направена е промена и задолжителен е 72 часа пред патувањето.

Одлуката за воведување задолжителен ПЦР тест за патување во Грција од сите земји и за сите патници без разлика дали се вакцинирани или не е вонредна и пивремена мерка за празничниот период со цел да се спречи и контролира ширењето на Омикрон сојот на Ковид-19 околу празниците, пренесува МИА. Тестотот треба да биде направен 72 часа пред патувањето.
Мерката стапува во сила в недела на 19-ти декември во 6 часот наутро, а иако од Министерството за здравство на Грција беше соопштено дека тестот треба да биде 48 часа сепак, направена е промена и задолжителен е 72 часа пред патувањето.
Со оглед на тоа дека мерката се однесува на сите земји, важи и за туристите од земјава.
