Македонија

Шахпаска: Ќе ги подобриме правата на работниците во случаи на несолвентност на работодавачите

16.12.2021 14:11

Министерката информираше дека на новиот системски Закон за работни односи Министерството за труд и социјална политика работи заедно со социјалните партнери и со домашни и странски експерти од областа.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска  денеска учествуваше на конференцијата за Твининг Проектот „Зајакнување на заштитата на вработените во случај на несолвентност на нивниот работодавач“, финансиран во рамки на ИПА II Акциската програма. На церемонијата на отворање на проектот, беа и раководителот на Одделот за соработка при Делегацијата на Европската унија во Скопје, амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш и проект лидерот Карол Јокл.

„Овој проект бара заедничко политичко решение за избор на соодветен модел за нашата земја, затоа што засега и во целата социјална сфера. Целта на овој проект е воспоставување на гарантирана мрежа за соодветна заштита на правата на вработените во случаj на несолвентност на работодавачите, во согласност со минималните барања дефинирани во Директивата на Европската унија 2008/ 94, како и во согласност со националниот социо – економски контекст“, рече министерката Шахпаска.

Министерката информираше дека на новиот системски Закон за работни односи Министерството за труд и социјална политика работи заедно со социјалните партнери и со домашни и странски експерти од областа.

Таа информираше дека од средината на 2017 година до денес преку законски измени е изедначена минималнта плата за сите вработени од 9.000 денари на 15.200, и дека со шесте пакети за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите во услови на пандемијата со Ковид 19 се зачувани околу 80.000 работни места.