Сасоли: Реформи на институциите за ЕУ да стане поефикаска
Сасоли како претседател на единствената европска инстуција што се избира дирекно од граѓаните, смета дека еден од начините да се зацврсти демократскиот систем е почитување на правото на избор на европејците што повлекува реформа на начинот на функционирање на институциите.

Претседателот на Европскиот парламент, Сасоли на последниот Европски совет пред неговото заминување од функцијата апелираше за реформа на европските институции за Унијата да стане поефикасна, поотпорна и подемократска.
Сасоли како претседател на единствената европска инстуција што се избира дирекно од граѓаните, смета дека еден од начините да се зацврсти демократскиот систем е почитување на правото на избор на европејците што повлекува реформа на начинот на функционирање на институциите.
„Има многу начини и методи да дискутираме за ветото. Дали демократијата навистина може да функционира ако само одолжувате проблеми? Ако сите имаат право да условуваат или да запираат носење на одлуки, тоа не е многу ефикасно. Механизмите за реформирање на ЕУ се различни и треба да ни дозволат во рамките на конференцијата да појасниме во која насока сакаме да се движиме. Не смее да има табу теми, па и реформирањето на спогодбите не треба да бидат табу. Изнаоѓање поинакви начини на организација на институциите треба да ни овозможи да имаме подобар функционален систем во Европа“, изајви претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли.
Барањето за реформа доаѓа по третото вето на преговорите со земјава, поради една земја членка наспроти останатите 27 земји кои поддржуваат почеток на преговори.
Ирина Гелевска
