Членството во ЕУ- најдобра алтернатива
Ако се спроведе референдум за интеграција, позитивно би гласале 74 насто од анкетираните, а една третина сметаат дека членството би се реализирало во наредните 5 години, покажува истражувањето на Евротинк...

Членството во Европската Унија е најдобрата алтернатива за земјава, сметаат 63 насто од испитаниците во анкетата на Евротинк. И покрај ветото од Бугарија поддршката за пристапување останува стабилна и бележи раст. Ако се спроведе референдум за интеграција, позитивно би гласале 74 насто од анкетираните, а една третина сметаат дека членството би се реализирало во наредните 5 години. Од друга страна, половина од граѓаните се на став дека односот на Унијата кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки. Србија и САД се наведени како најпријателски држави.
30 насто од учесниците во анкетата, сметаат дека полицијата е професионална, 26-дека е ефикасна, 22 дека е транспарентна. Од граѓаните кои имале контакт со полицијата за прашања поврзани со пандемијата, од нив 61 насто позитивно го оцениле ова искуство.
Обесхрабрува фактот што само 9 насто од граѓаните слушнале за концептот „Полиција во заедницата“ и уште помалку или 5,4 проценти се запознаени со работата на Локалниот совет за превенција во својата општина.
Анита Димитријевска Велковска
