Култура

Пет реобјавени дела од Блаже Конески во чест на стогодишнината од неговото раѓање

16.12.2021 11:44

Вечер во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи свечениот настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“...

Во одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот на македонската книжевност Блаже Конески,се вклучи и издавачката куќа „Арс Ламина“ која реобјави пет негови значајни дела. Реобјавени се стихозбирките „Везилка“, „Црква“, „Црн овен“ и двотомниот избор од творештвото на Конески: „Збор и опит 1“ и „Збор и опит 2“, со нови предговори и поговори, напишани од еминентни книжевници и професори.

По тој повод вечер во фоајето на Националната опера и балет, ќе се одржи свечениот настан „Сто години од раѓањето на Блаже Конески: Песна од копнеж и песна од мака“.

На свеченоста ќе зборуваат авторите на предговорите и поговорите: академик Влада Урошевиќ, проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, проф. д-р Зоран Анчевски, проф. д-р Иван Џепароски и проф. д-р Димитар Пандев. Модератори ќе бидат Бисера Бендевска и Ведран Диздаревиќ, уредници на петте книги, кои се дел од едицијата Македонски книжевни класици, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Предвидена е и проекција на видео, сниомено по повод јубилејот, како и рецитал, во кој актерот Ѓорѓи Јолевски ќе чита избор песни од Конески.