Завршна расправа за Предлог- буџетот, власта и опозицијата со спротивставени ставови
Во Собранието завршна расправа за предлог- буџетот за 2022 година. Власта и опозицијата со спротивставени ставови. За едните тој е развоен, за другите ова е мегаломански буџет. Во државната каса за в година се предвидени 4,4 милијарди евра...

Наместо по мерка на граѓаните, буџетот е правен во корист на пазарните политики на Владата, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека голем број од нивните амандмани не се прифатени. Од власта велат – буџетот е граѓански, а прифатени се околу 23 опозициски амандмани.
Од опозицијата велат – овој најголем буџет до сега ќе донесе и големи разочарувања, бидејќи е со најнеправилна распредлба на буџетските средства. Од власта реплицираат – фактот што просечната нето исплатена плата е зголемена за 4 проценти во однос на минатата година, значи дека и тогашниот буџет бил правилно проектиран.
Дебатата во Собранието продолжува се до конечното гласање на Предлог- буџетот за 2022-ра.
Марија Котовска
