298 нови случаи со Ковид-19, починати шест лица

16.12.2021 15:14

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.831 тестирања, а регистрирани се 298 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 335 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 6 починати лица: по едно починато лице од Прилеп  (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г)  и Охрид (55г). Од пријавените, сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 лица, починати во период од 09.12-12.12.2021 година. Починатите лица се од Битола (2), Кочани (1) и Велес  (1). Починатите лица се на возраст од 77г до 85г. Од пријавените починати лица, 3 се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а бројот на активни случаи изнесува 5.451.

Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања на Ковид-19.