Мицкоски: Со авантуристичката политика, Заев и СДСМ го нарушија евроинтегративниот процес
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека премиерот Заев и СДСМ го нарушиле евроинтегративниот процес на Македонија со авантуристичка политика која ја водат. Вели - колку повеќе коленичат, толку поголеми се бугарските барања, туку треба да се покаже став и држење до црвените линии. Минисрерот Спасовски вели дека почетокот на преговорите е високо на агендата и треба во овој момент не се потребни предвремени избори...

Владата на Заев сериозно го загрози евроинтегративниот процес со авантуристичка политика, коментира лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој вели дека Бугарија отворено ја смета Македонија за втора бугарска држава и додека не ја прифатиме нивната резолуција нема ништо од претпристапни преговори со Унијата.
И додека опозицијата инсистира на предвремени парламентарни избори, власта вели дека за нив не е време, оти граѓаните се заморени од нив.
За претседателот Стево Пендаровски прифатлив е предлогот на новиот бугарски премиер Кирил Петков да се формираат мешовити комисии од различни области, од инфраструктура до култура, но неприфатлив е рокот кој Петков го нуди од 6 месеци дека сѐ може да се реши. Пендаровски со став дека решението на спорот може да се изнајде многу порано, но потребна е воља за позитивен резултат.
Миле Ристески
