Зголемена минимална плата- поголема продуктивност и економски раст
Зголемувањето на минималната плата носи поголема продуктивност, економски раст и ја стопира сиромаштијата. Особено при најави за повиски цени на струјата. Позитивни се резултатите од анализите на последното зголемување, а се однесува и на ова што се најавува. Нема основа што работодавците се противат и ја споменуваат пандемијата. Експертите препорачуваат – зголемување, да, ама да се пријде внимателно. Раритет- последната Нобелова награда за економија се однесува токму на позитивните ефекти од повисока минимална плата...

Нема никаков негативен ефект од зголемувањето на минималната плата. Напротив има зголемена продуктивност, не се отпуштени работници поради тоа, покажува најновата студија на експертите кои ги анализирале ефектите од последното зголемување на минималната плата. Тоа се однесува и на најавеното.
Неосновано е противењето на работодавците дека не е потребно во ова пандемиско време. Годинава ќе заврши со економскиот раст од околу 4 проценти, најголем во последната декада. Инаку, ќе падне животниот стандард, ќе запре економскиот раст и Македонија ќе западне во поголема сиромаштија.
При најавено покачување на струјата, а да не се чепне инфлаторната спирала, државата балансирано да постапи да не падне животниот стандард.
Инаку, последната Нобелова награда за економија се однесува токму на истражувањата на ефектите, позитивни од зголемувањето на минималната плата.
Елизабета Митреска
