Прва награда од ЗНМ за документарниот филм „Заговор против воздухот“ на ИРЛ
„Заговор против воздухот“ - прва награда од ЗНМ за документарниот филм на Истражувачката репортеска лабораторија поддржан од Македонската телевизија. Од еснафот велат - ова е поттик за новинарите да влезат во сржта на проблемите кои го тиштат нашето општество...

Прва награда за документарниот филм поддржан од јавниот сервис „Заговор против воздухот“ за Истражувачката репортеска лабораторија. „Не е доволно новинарите само да го направат најдоброто истражување и да ги презентираат фактите, важно е како ќе се филтрираат тие факти и податоци и како најдобро ќе ги презентираме за да имаат влијание и да доведат до значајни политички промени кои ќе им помогнат на обичните луѓе“ , рече новинарката Сашка Цветковска.
Ова е еден поттик за новинарите да влезат во сржта на проблемите кои го тиштат нашето општество, а загадувањрето во земјава е во тесна корелација со корупцијата. Последиците ги трпиме сите, рече претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски.
Неодложно дејствување е итен приоритет. Аерозагадувањето може да се спречи, смета шведската амбасадорка во земјава, Кристин Форсгрен Бенгстон.
Втора награда за Бојан Шашевски од МОФ, за истражувањето за напуштениот рудник за арсен во Лојане. Трета награда од Здружението на новинари за Христина Ѓорѓиевска од порталот „Види вака“ за серијалот „Заробените бели дробови на градот“.
Александра Спировска