Субвенции за набавка на добиток
Фармерите кои од почетокот на годинава до 30-ти септември ги обновиле свињарските фарми со нов добиток, можат да аплицираат за субвенции. Oгласот ќе трае до 31-ви декември, а финансиската поддршка изнесува до 6,5 милиони денари по корисник.
До 31-ви декември годинава, фармерите кои одгледуваат свињи ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи од увоз или од признати организации.
Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 6,5 милиони денари по корисник, а право на користење на средствата од оваа мерка имаат сите земјоделци кои се запишани во регистарот на земјоделски стопанства.
Средствата се наменети набавка на матици, нерези и назимки во периодот од први јануари до 30-ти септември 2021 година.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и другите барани услови.
Еден потенцијален корисник на средствата може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој.
Рангирањето е со бодување, а сточарите со ист број на бодови според времето и датумот на поднесување на електронското барање.
Аплицирањето е по електронски пат, а пополнетите документи може да се испраќаат по пошта или лично во платежната агенција.
Методија Трајков
