Свет
Брисел ги продолжи економските санкции за Русија за уште шест месеци
17.12.2021 09:30
На вчерашниот самит во Брисел, ја предупредија да се воздржи од воена агресија врз Украина.

Лидерите на 27-те земји-членки на Европската Унија едногласно се договорија да ги продолжат економските санкции за Русија за дополнителни шест месеци.
На вчерашниот самит во Брисел, ја предупредија да се воздржи од воена агресија врз Украина.
Во последните месеци, Русија го зголеми своето воено присуство на границата, што предизвика загриженост кај НАТО и западните земји за можна интервенција.
Москва и натаму тврди дека мобилизацијата на армијата е исклучиво за одбранбени цели.
