Политика

Радев: Бугарите во Северна Македонија мора да бидат спомнати во Уставот

17.12.2021 09:51

Ние сме во процес на барање начин за подобро спроведување на овој договор. Договорите треба да се почитуваат. Ова е главен предуслов за да се биде член на ЕУ. Договорите на ЕУ мора да се почитуваат на ист начин, рече Радев.

Претседателот на Бугарија, Румен Радев за време на престојот во Брисел за европското електронско издание „Еуроактив“ изјави дека Република Северна Македонија мора да го промени својот Устав. Според Радев ова би бил чекор кон решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, пренесува МИА.

Според Радев, се смета дека Бугарија и Република Северна Македонија се во процес на повторно преговарање за Договорот за пријателство и добрососедство, но тоа не е така.

Ние сме во процес на барање начин за подобро спроведување на овој договор. Договорите треба да се почитуваат. Ова е главен предуслов за да се биде член на ЕУ. Договорите на ЕУ мора да се почитуваат на ист начин, рече Радев.

Според него, најголемата грижа на Бугарија е што Република Северна Македонија не ги применува основните принципи и вредности на ЕУ, како што се човековите права и недискриминацијата.