КОВИД-19

СЗО издаде привремени препораки за употреба на вакцините

17.12.2021 09:54

Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека „Фајзер“ и „Модерна“, може да се користат како дополнителна доза по почетната на векторската вакцина „АстраЗенека“ и обратно...

Светската здравствена организација издаде привремени препораки за употреба на вакцините против Ковид-19. Во извештајот, меѓу другото, се наведува дека „Фајзер“ и „Модерна“, може да се користат како дополнителна доза по почетната на векторската вакцина „АстраЗенека“ и обратно.

„АстраЗенека“ и која било од mRNA вакцините може да се користат и по првичната доза на инактивираната вакцина на „Синофарм“.

Многу земји веќе почнаа да мешаат вакцини бидејќи се соочија со зголемен број случаи на Ковид-19, ниски нивоа на резерви и бавна имунизација.