Предновогодишен концерт на „Танец“
Годинава „Танец“ ќе ја промовира и „Мијачка“ – кореографска постановка на авторите Марјан Андоновски (кореографија) и Дарко Илиевски (музичка обработка).

Традиционалниот предновогодишен концерт ансамблот за народни игри и песни „Танец“ годинава го најавува за 21-ви декември. На сцената на Македонскиот народен театар ќе се изведат ората „Копачка“, „Шопска петорка“, „Роненка“, „Жетварка“, „Радовишки собор“, и секако композиции од богатиот вокално-инструментален репертоар.
Годинава „Танец“ ќе ја промовира и „Мијачка“ – кореографска постановка на авторите Марјан Андоновски (кореографија) и Дарко Илиевски (музичка обработка).
Теренските истражувања на кореографот Марјан Андоновски во пределот на Мала Река резултираа со новото кореографско дело кое сигурно ќе ја освои публиката.
