Раст на осигурувањето за 18%, продажбата на полиси достигна 122 милиони евра
Според Агенцијата податоците покажуваат дека продажбата на осигурителни продукти во целост го надминала шокот од пандемијата со Ковид- 19, односно продажбата на полиси е зголемена за 12% во споредба со истиот период во 2019-та.

Расте осигурителниот бизнис. Продажбата на полиси за осигурување на имот достигна 30 милиони евра, а во приватното здравствено осигурување се вложени скоро 5 милиони евра, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурувањето.
Во неживотни осигурувања за деветте месеци од годинава се вложени 122 милиони евра, што претставува раст од 18%.
Според Агенцијата податоците покажуваат дека продажбата на осигурителни продукти во целост го надминала шокот од пандемијата со Ковид- 19, односно продажбата на полиси е зголемена за 12% во споредба со истиот период во 2019-та.
Најбрзо расте приватното здравствено осигурување, бројот на склучени договори е зголемен за 42%, а десетте приватни компании инкасирале за 35% повеќе средства.
