67% од новите случаи и 98% од хоспитализираните со Ковид- 19 се невакцинирани
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.

Во период од 6-ти август до 16-ти декември годинава на територија на државата 64.963 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 32% биле целосно вакцинирани, односно 20.894 лица.
Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид- 19. Според статистиката за изминативе недели, 44.069, граѓани, односно 67% од позитивните на Ковид- 19 не биле вакцинирани.
Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98%, додека само 2% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Во истиот период на територија на државата починале 2.272 лица со Ковид- 19, 1.790 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.
Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на „Модерна“ и „Џонсон“.
Од Министерството за здравство апел граѓаните да се вакцинираа- само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.
