САД: Ново торнадо во Средниот запад, настрадаа петмина

17.12.2021 11:29

Жртвите настрадале при пад на дрво, сообраќајни несреќи поради непрегледност на патот и превртување на камион.

Најмалку пет лица загинаа во торнадо во Средниот Запад на САД. Жртвите настрадале при пад на дрво, сообраќајни несреќи поради непрегледност на патот и превртување на камион.

Урагански ветришта беа регистрирани во Небраска, Ајова и Минесота. Над 400 илјади домови и компании останаа без струја.