МВР
Запленети над 3.000 парчиња пиротехнички средства, приведено лице од Охрид
17.12.2021 12:52
При извршена контрола и преглед на неговото возило „oпел комбо“, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства - петарди.

Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода Р.Л.(21) од Охрид. При извршена контрола и преглед на неговото возило „oпел комбо“, полициски службеници пронашле и одзеле 85 пакувања со 3.260 парчиња пиротехнички средства - петарди.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
