Македонија

Реформи во судството и администрацијата се неопходни и без старт на преговорите со ЕУ

17.12.2021 13:11

Поглавјето 23 посветено на владеење на правото и судските реформи ќе биде отворено од почеток до крај на пристапните преговори со ЕУ. Но, и без старт на преговорите, реформите на овој план се неопхподни – порачуваат од Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Институтот за општествени истражувања...

Реформите во правосудниот систем содржани во поглавјето 23 се од витално значење, не само за подготвеноста на земјата за влез во Европската унија, туку и за квалитетот на животот. Законите во Северна Македонија не се проблем, проблемот е во нивната примена, вели претставникот на Фондацијата „Конрад Аденауер“. Граѓаните имаат доверба во правосудниот систем само кога се сигурни дека законите важат за сите поеднакво.

Реформите во правосудството и администрацијата се неопходни и треба да се реализираат и без формален почеток на преговорите со ЕУ, вели професор Васко Наумовски.

Научно- образовната платформа на Фондацијата „Конрад Аденауер“ со академската заедница, студенти и експерти на правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ денес ги споделија ставовите околу идното проширување на ЕУ.

 

Славица Величковска