Македонија

ДКСК: Нема коруптивни дејствија при спогодбата на Владата и ГАМА

17.12.2021 14:00

Во фокусот на денешната седница на антикорупциската комисија беа продажбата на државниот удел во ГАМА, разрешувањето на Нора Шаќири и процесот на денационализација...

Нема коруптивни дејствија при спогодбата на Владата и ГАМА за решавање на спорот, утврдиле Антикорупционерите . Предмет сепак ќе биде отворен. Антикорупционерите ќе испитуваат според кои критериуми е направена проценката на капиталот на ГАМА од над 56 милиони и 500 илјади евра, за која се согласиле двете страни.

Антикорупционерите со апел до граѓаните особено за случаите на денационализациј.а

Антикорупционерите оценија дека во случајот со директорката на Театар Комедија Нора Шаќири е сѐ чисто и неосновани се наводите за корупција.

Известија дека против директорот на Студентскиот дом „Сенич“ се води постапка во Обвинителството и дека до Уставниот суд ќе се оценува одредено постапување на директорот на ААВМУ.

 

Фиљана Кока