Машка нега на лицето

17.12.2021 14:19

Препорачлива е и домашната нега, редовна хидратација и препарати против стареење.

Денес, и мажите практикуваат да се негуваат. Поминаа времињата кога за мажите беше доволно да се избричат и да стават лосион и дезодоранс после туширање.

Започнаа и со употребата на гелови и пени за коса. Сега посетите и на козметичките салони станаа практика, уредни веѓи, депилација, третмани за лице, се дел од услугите кои ги користат.

Препорачлива е и домашната нега, редовна хидратација и препарати против стареење.

За тоа постојат и специјани производи наменети за машка кожа, хидратантни кремови, серуми, кремови за околу очи.

Овие средства за нега ќе го забават стреењето на кожата, ќе ги намалат знаците на умор.

За оние кои имаат брада, има производи за нејзино оддржување, како шампони и специјални кремови.

Аида Николовска