Шекеринска најави дека нема да биде дел од новата влада
Потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ бидејќи не се согласувала со дел од политиките, за кои како што рече, придонеле за пораз на локалните избори.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска нема да биде дел од новиот владин состав. Потсети дека пред осум месеци се повлекла од партиската функција заменик-претседател на СДСМ бидејќи не се согласувала со дел од политиките, за кои како што рече, придонеле за пораз на локалните избори.
„За жал, мојот впечаток е дека од тие лекции не ги научивме и дека некои од пораките на јавноста не ги чувме или не ги разбравме, и затоа мислам дека единствената чесна и принципиелна одлука е да не учествувам во следната Влада“, нагласи Шекеринска.
Шекеринска изјави дека во изминатите четири години работела во интерес на државата, а со интеграцијата на земјата во НАТО алијансата им се оддолжила на граѓаните за укажаната доверба.
