Политика

Опозицијата бара техничка влада и избори

17.12.2021 14:50

Мицкоски со предлог, февруари- март да се формира техничка влада, а мај- јуни предвремени избори. Мицкоски демантира дека со Ахмети било разговарано за технички премиер Албанец . За Алијанса е прифатливо Гаши да биде технички премиер. СДСМ со став дека предвремени избори не се опција за власта...

Во февруари или март формирање техничка влада, во мај или јуни предвремени парламентарни избори. Во Македонија е потребен нов импулс, нова сила за реформи, заедничка платформа и обединување околу нов договор со народот, вели Мицкоски.

Го повика новиот претседател на СДСМ, Ковачевски, кој како што рече, планира да биде премиер на идната Влада, да излезе, да се соочи со граѓаните и да добие каков таков изборен политички легитимитет. Мицкоски се согласува дека не секогаш изборите се најдоброто решение, но предвремените парламентарни се единственото решение за излез од политичката, економската, енергетската и дипломатската криза. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ негира дека за ваквиот предлог разговарале со Ахмети. Мицкоски со директен предлог-Африм Гаши за технички премиер.

Од Алтернатива без конкретен став за предлогот на Мицкоски.

„Му благодариме на Мицкоски за почитта кон Африм Гаши, но Алтернатива моментално е во процес кој не е завршен. Во овој период не можеме и немаме причина да зборуваме за ништо друго“, велат за МТВ од Алтернатива.

За Алијанса за Албанците, пак, прифатливо е Гаши да биде технички премиер.

За СДСМ парламентарното мнозинство е стабилно, претстои период на формирање нова Влада со мандат до 2024. За социјалдемократите предвремени парламентарни избори не се опција.

Според Мицкоски, ова е можност Гаши да се покаже, но и ДУИ и Али Ахмети да го поддржат него, наместо Ковачевски за мандатар на владата.

 

Милчо Велески