Ковид-криза

Зголемен број патници, први знаци на закрепнување во авиосообраќајот

17.12.2021 14:55

Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле- Охрид опслужиja 1,3 милиони патници за 11 месеци од 2021 година...

За над 70 насто е зголемен бројот на патници кои во изминатите месеци ги користеле услугите на македонските аеродороми споредбено со истиот период лани.

По негативниот тренд поради ковид пандемијата, ова се први знаци на закрепнување, велат од ТАВ Македонија, со став дека авиосообраќајот и натаму ќе зависи од рестрикциите за патување наметнати од различни држави.

Патниците и авиокомпаниите ќе мора да се приспособат на честите измени врз основа на здравствените политики. Се уште нивото на патнички сообраќај е – минус 49%, а нивото на бројот на летови е минус 32%, споредено со бројките постигнати во 2019-та, којашто според ТАВ се смета за референтна година во воздухопловството.