14-ти Марш на црвените чадори
Традиционален 14-ти Марш на црвените чадори. Сексуалните работнички потсетија на неисполнувањето на нивните барања за законско регулирање на нивната дејност, со што, според нив ќе се намали влијанието на полицијата...

Сексуалните работници се дел од ова општество и треба да ги уживаат сите човекови и работнички права, подеднакво како и другите граѓани. Ова беше порака до институциите и до јавноста на маршот на црвените чадори. Учесниците побара итно донесување на нова правна рамки за регулација на сексуалната работа во земјава.
Според нив, со закон за сексуална работа ќе се намали влијанието на полицијата и како што велат, спектакуларните апсења.
Сексуалните работници го изодеа традиционалниот 14-ти Марш на црвените чадори, во чест на 17-ти декември, Меѓународен ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.
Маршот почна од платото пред куќата на Мајка Тереза и заврши на централниот плоштад.
Ана Јосифоска Тодоровска
