Стејт департмент

127 македонски државјани се приклучиле на терористички групи, 38 загинале, 69 се вратиле

17.12.2021 15:58

127 македонски граѓани стапиле во терористички групи во Исламска држава. 38 се убиени, 69 се вратиле, дел останале на боиштата – покажа извештај на Стејт департментот. Земјава со американска поддршка ги јакне капацитетите. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вели дека нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедноста...

126 македонски граѓани влегле во терористички групи во Исламската држава. Од нив 38 се убени, 69 се вратиле, а 19 останале, стои во извештај на Стејт департментот. На македонска територија немало терористички напади и не е забалежано заминување на поединци. Главен проблем во борбата со тероризмот во земјава е лоциран во враќањето на терористичките борци дома.

Министерот Спасовски тврди- нема никакви индикации за било какво нарушување на безбедноста на државата. За повратниците важна е ресоцијализација но, и кривично да одговараат, дециден министерот.

Во годинашниот извештај за тероризам во светот е споменато и апсењето на тројца во Куманово во август 2020-та година од страна на МВР, но и дека сѐ уште не се обвинети за тероризам. Под сомнение се уште осум други лица.

За справување со терористичките закани, САД со земјава споделува експертизи, практики и знаења - појаснува амбасадорката Брнз.

Македонија во 2020-та година беше дел од Глобалната коалиција за пораз на Исламската држава. Легислативата е адекватна,но проблем се ниските казни за дела поврзани со тероризам, велат од американскиот Стејт департмент.

 

Наташа Гркова- Петрушевска