Новата влада треба да го обмисли пристапот кон Бугарија
Скопје и Софија продолжуваат да бараат решение и покрај тоа што не добивме датум за почеток на преговорите. Министерката Шекеринска смета дека новата влада треба да го обмисли пристапот кон Бугарија. Опозицијата, пак, реагира дека нашата страна нема стратегија...

Новата влада треба да обмисли каков ќе и биде пристапот кон Бугарија, вели министерката Радмила Шекеринска. Според неа, земјава треба мудро да постапи и како што рече, да видиме кои се нашите суштински интереси, а кои се прашањата за кои нема да дискутираме. Истовремено, според Шекеринска треба да знаеме кои се прашањата за кои ние ќе излеземе со наши предлози.
Поминаа точно пет години откако Владата ветуваше европска иднина, а останавме заглавени во спорот со нашиот источен сосед, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Ја обвини Владата дека нема стратегија и план како да се справи со ветото во период кога бугарските барања се зголемуваат.
Откако новиот бугарски премиер Кирил Петков најави шест месеци за надминување на разликите, македонската влада е на став дека проблемот треба да се реши поскоро за да не се држи целиот регион во заложништво.
Анита Димитријевска Велковска
