Гласајте онлајн за македонските претставници на Јуниорскиот Евросонг

17.12.2021 17:37

Македонските претставници веќе важат за фаворити на овој избор, а доказ за тоа се и над милион и пол прегледи на видеото за песната „Green forces“, како и високите позиции на листите.

Кристина, Анастасија, Миха и Филип, децата од популарната телевизиска серија „Дајте музика“ на МРТ, кои ќе ја претставуваат Македонија на „Детскиот евросонг“ што по 19-ти пат ќе се одржи во Париз, Франција, в недела, веќе ја имаа првата проба на евровизиската сцена. Реакциите за песната, чии автори се Роберт Билбилов, кој ја напиша музиката, и Робин Зимбаков, кој го напиша текстот, се одлични.

Македонските претставници веќе важат за фаворити на овој избор, а доказ за тоа се и над милион и пол прегледи на видеото за песната „Green forces“, како и високите позиции на листите.

Во интервјуто што го дадоа по првата проба, нашите претставници изјавија дека немаат трема и  испраќаат порака до своите врсници, но и до возрасните, да ја чуваме планетата, зашто таа е наш единствен дом.

За да бидеме меѓу првите на табелата, можеме да помогнеме и ние со тоа што ќе гласаме онлајн на веб страната www.junioreurovision.tv.