Наплив на млади пациенти со Ковид-19, надлежните да размислат за нови мерки
Епидемиолозите предупредуваат- последните седум дена се јавува наплив на млади пацинети кои пројавуваат лесна клиничка слика на настинка. Тестовите се позитивни, но не значи дека се работи за Делта сојот, вели доктор Олумчев. Според него, надлежните треба да размислат за нови мерки пред празниците и за порано почнување на зимскиот распуст...

Епидемиолозите предупредуваат дека последните седум дена се јавува многу голем наплив на млади пацинети, кои пројавуваат лесна клиничка слика на настинка, со грипозни симптоми, болки во цело тело, лесна температра, без бронхопневмонија. Тестовите се позитивни, но не значи дека се работи за Делта сој, вели доктор Олумчев. Додава дека се сомневаат на новиот сој, но немаат потврда од референтна лабораторија. Според него надлежните треба да размислат за порано започнување на зимскиот распуст.
Ако Омикрон го има во соседството, Грција, Албанија, пред празниците треба да се воведат контролни мерки, вели доктор Олумчев. Новиот сој е за 70 пати позаразен од Делта сојот.
Епидемиологот Олумчев вели, добро ја дочекваме есенската сезона за разлика од лани кога беше блокиран задравствениот систем. Но, мора да се почитуваат мерките за носење маска, растојание, хигиена, бидејќи за кратко време здравствениот систем може да се најде во незавидна состојба.
Наташа Јанчиќ Менковски
