Сто години од раѓањето на великанот Блаже Конески
На 19-ти декември пред точно сто години е роден великанот Блаже Конески, основоположникот на современиот македонски јазик, поет, писател, академик. Целава година е посветена на големиот јубилеј. Пораките за тоа дека јазикот е нашата татковина Конески ги има со сите негови дела, чие обемно творештво МАНУ, по повеќегодишна работа го издаде и ќе го промовира. Прилеп меѓу првите го доби речиси целото 12-томно издание...
Македонскиот јазик е нашата идеална татковина, го обединува македонскиот народ каде и да е. Сите пораки за јазикот, великанот Блаже Конески ги упати во обемното дело, а наше е да го чуваме, оти е обединувачки фактор со докажани вековни корени. Во пресрет на 100- годишнината од неговото раѓање, Прилеп меѓу првите го доби речиси целото 12-томно издание што го издаде МАНУ.
Токму на 100-годишнината од Блажевото раѓање, осамна и досега неистраженото – со посебност Конески е присутен и во македонската драматургија. Од три драмски текста, два се загубени, а едночинката „Гладна кокошка просо сонуе“ има само една изведба во 1945-та, во МНТ, а во главна улога е Петре Прличко.
Во земјава има четири училишта кои го носат името на великанот.
Елизабета Митреска
