Македонија

Младите на удар од екстремно загадениот воздух во Тетово

19.12.2021 09:30

Младите во Тетово сѐ повеќе се жалат на белодробни заболувања и проблеми со дишење. Но, последиците од загадениот воздух, длабоко продираат и во внатрешните органи, страда и црниот дроб...

Иако млади, доаѓаат со слика и симптоми како со децении да биле изложени на аерозагадување, говори искуството на Болницата за белодробни заболувања во Лешок, каде сѐ повеќе млада попуплација се жали, најчесто на тешкотии со дишењето.

Од аерозагадувањето страдаат и други органи, покажуваат најновите студии за штетноста од ПМ честичките врз човековиот организам. Лица кои воопшто не конзумирале алкохол, а воделе здрав живот имаат големи оштетувања на црниот дроб, а како причина се наведува аерозагадувањето.

Тетово изминативе неколку недели е на врвот по аерозагаденост. Минатиот месец тетовци само седум дена дишеа чист воздух, а во октомври градот под Шара повторно се најде на врвот на страницата Нумбео, како најзагаден град во светот.

Од она што се гледа на терен, властите досега немаат преземено конкретни чекори против аерозагадувањето. Урбан хаос со голем број висококатници, сообраќаен метеж, бетонизацијата, се главните извори од кои со години се трујат граѓаните.

Зоран Димовски